Pretsedatel na republika Makedonija (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 19 | Nivo: Praven fakultet

Вовед
Највисокиот орган на државата во чии раце е доверена политичката власт е шефот на државата. Во минатото, шефот на државата бил врховен орган на државната власт ( таква била положбата на монархот во апсолутните монархии). Но дене во современето општество, шефот на државата (било да е поединец, било да е колективно тело) е орган кој има огромен број овластувања, но не е носител на врховната и правно неограничената власт, бидејќи таа првенствено му припаѓа на законодавното и/или уставотворното тело. Во современите држави, шефот на државата како орган има улога да ја претставува државата како на внатрешен, така и на надворешен план.Според начинот на кој шефот на една држава доаѓа на таа функција и според правно-политичкиот статус кој го поседува, може да биде државата монархија или република.
Монархот е физичко лице и тој е поединец. Најчесто се карактеризира со наследност и останува на власт доживотно. Монархот се одликува со посебни привилегии по кои се разликува од останатите граѓани, а се поврзани со неговиот статус и положба. Неодговорноста е уште една карактеристика што ја поседува монархот, како шеф на држава во монархиите. Врз него не можат да се применат редовните санкции ако ги прекрши правните норми, и доколку се случи тоа монархот потпаѓа под други видови санкција – политичка и морална осуда. Постои поделба на монархиите во зависност од тоа дали целата власт во државата е сосредоточена во рацете на шефот на државата – монархот или не т.е тој е само орган на власта. Монархиите се делат наограничени и неограничени.
Во ограничените монархии шефот на државата е највисок орган на државната власт. Тој е највисок законодавен, управен и судски орган. Во државата не постои устав со кој би се контролирала работата на монархот и би се ограничувале неговите овластувања. Монархот има право да сам ги донесува највисоките правни акти и да владе без претходно да донесува правни прописи.
Во ограничените монархии работата и власта на монархот е ограничена од страна на устав, кој постои како  основен и највисок правен акт донесен од посебен орган. Монархот и понатаму е шеф на државата, но не е единствен или највисок орган на политичката власт и неговата работа е ограничена.
Во републиката шефот на државата може да биде колективен или индивидуален орган. Шефот на државата се карактеризира со 
изборност ( претседателот на републиката може да се избира од народот на непосредни или општи избори , или од законодавното тело. Претседателот на републиката најчесто се избира за време од четири, пет или седум години 

---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturskiradovi.net 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com

besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!